Архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан испрати телеграма со сочувство до рускиот патријарх г.г. Кирил






Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г. г. Стефан испрати телеграма со сочувство до неговата светост, патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил за загинатите во терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва.

-Ваша светост, Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористички напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва каде животот го загубија многу невини луѓе помеѓу кои и деца. Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, се посочува во телеграмата.
Вооружени напаѓачи во петокот вечерта влегоа во концертната сала во Красногорск, кај Москва, и почнале да пукаат кон посетителите, а потоа фрлиле запаливи средства, што предизвикало пожар.
Бројот на жртвите од масовното пукање во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва достигна 137, а меѓу нив има и три деца, соопштија руските денеска власти.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: