Роналдо пред почетокот на Светското првенство во Катар го раскина договорот со Манчестер јунајтед, а по елиминацијата на Португалија во четвртфиналето на Мундијалот, тренира во кампот на мадридски Реал.
Шпанскиот весник наведува дека ниту еден европски клуб кој се натпреварува во Лигата на шампиони не е заинтересиран за услугите на Португалецот.
Во меѓувреме, дел од европските медиуми јавија дека понуда на адреса стигнала од саудискиот Ал Наср, каде Роналдо, наводно, би заработувал рекордни 200 милиони евра годишно.
Шпански „Ас“ објави дека објави дека пред Роналдо се само две опции за продолжување на кариерата – саудискиот Ал Наср или катарскиот Ал Сад.
„Доколку сака да игра на највисоко ниво, неговите можности се ограничени. Се чини дека европските клубови не се подготвени да ја ризикуваат рамнотежата во своите соблекувални на средина од сезоната“, наведува шпанскиот весник.