Асоцијацијата за корпоративна безбедност и ЦИДС потпишаа меморандум за соработка

Денес, помеѓу Центарот за меѓународни и развојни студии Скопје (ЦИДС) и Асоцијацијата за корпоративна безбедност (АКБ) се воспоставија темелите за заедничка и идна плодна соработка на полето на развивањето, организирањето и спроведувањето на проекти од заедничките области на дејствување.
Претседателите, проф. д-р Благој Цонев (ЦИДС) и проф. д-р Атанас Козарев (АКБ) гo потпишаа Меморандумот за заедничка соработка и разбирање и ги договорија заедничките насоки на идно дејствување:

– Размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес;

– Учество во заеднички проекти во областа на проектното менаџирање и мотивација и академските истражувања и тоа: зимски и летни школи, конференции, работилници, обуки, проекти за развој и професионализација, истражувачки проекти, промотивни проекти и др.

– Организирање хуманитарни настани и проекти за развивање и промоција на општествената одговорност.

Асоцијацијата за корпоративна безбедност и Центарот за меѓународни и развојни студии ќе остваруваат континуирана меѓусебна размена на брошури, литература и други печатени материјали, со цел да им се овозможи на членовите слободен пристап до истите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: