Аталанта го победи Лацио во Рим

Аталанта славеше на гостувањето во Рим против Лацио со 0-2, Давиде Запакоста постигна „голазо“, пласираше неодбранливо во аголот.

Во дуел на две екипи кои конкурираат за топ четири пласман, Аталанта со 0-2 го совлада Лацио во Рим.

Резултатот беше отворен во 23. минута, Запакоста начека една топка на работ од шеснаесетникот и постигна голазо, бекот пласираше неодбранливо во аголот.

Трите бода беа потврдени во 65. минута, Лукман уфрли топка а Хојлунд одлично се снајде помеѓу дефанзивците на Лацио и рутински реализираше за 0-2.

Пронајдете не на следниве мрежи: