Како што јавува дописничката на МИА од Атина грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека постои отворен дипломатски канал на комуникација меѓу Атина и Скопје, за да се избегнат можни варирања од духот на Договорот од Преспа во уставната ревизија што е во тек во ПЈРМ. Според весникот, повод за ова е дискусијата за одредени точки во предлог амандманите, а особено за членот 49.
– Атина има забелешки на констатацијата што преовладуваше во амандманот предложен од Владата на Зоран Заев, барајќи усогласување со членот 108 од Уставот на Грција во однос на Грците во странство – пишува „Катимерини“ и додава дека „Заев остави отворени две можности, додавање нов амандман или приложување, по завршувањето на процесот на заедничка декларација, која ќе ги појаснува односите на граѓаните на ПЈРМ кои живеат надвор од нивната земја“.
Повикувајќи се на добро информирани извори весникот пишува дека во овој момент, додека е во тек процесот на уставна ревизија, не може да постојат појаснувачки изјави.
– Оваа дискусија, некои во Атина ја гледаат како обид на ПЈРМ да остави отворени за интерпретација различни точки од Договорот од Преспа, вклучувајќи ги и оние кои што се однесуваат на уште помалку очигледни прашања, како што се оние што се однесуваат на образованието или на трговските имиња, кои всушност, ќе се решат во втора фаза, многу подоцна по ратификацијата на договорот – наведува „Катимерини“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.