Фудбалерите на Атлетико Мадрид се последните четвртфиналисти во Лигата на шампионите, откако во средата доцна вечера со подобро изведвуање на пеналите на домашен терен го совладаа милански Интер со 3:2 (2:1, 1;1). На првиот меч во Милано, Интер победи со 1;0.
Головите за Атлетико ги постигнаа Антоан Гризман во 35 и Мемфис Депај во 85, додека Интер го имаше почетното водство а погоди Федерико Димарко 33 минута.
Во одличен натпревар Атлетико на пенали го победи Интер, кој првпат не победи во сите натпреварувања оваа година. Шпанскиот тим потврди дека може да победи секого на својота стадион „Ванда Метрополитано“, се пласираше натаму иако имаше резултатско заостанување од 0:1 и иако беа на прагот на елиминација на пет минути пред крајот на регуларниот тек од дуелот. Но „Јорганџиите“ први ги спаси погодокот на Депаи, а апотоа во пенал-рулетот словенечкиот голман Јан Облак, кој ги скроти ударите на Алексис Санчез и Дејви Класен.
Во првото полувреме двете екипи играа без калкулации, напаѓајќи со многу трчање. Првата голема шанса Атлетико ја имаше кога во 5. минута Самуел Лино мина низ одбраната и шутираше откосо откако влезе во шеснаесетникот, но голманот Јан Зомер го одбрани неговиот удар. На другата страна, осум минути подоцна, во речиси идентична ситуација возврати и Дензел Дамфрис кој по соло продор шутираше по земја, но Јан Облак со одлична одбрана го спречи неговиот обид.
Во 33. минута Интер поведе со голот на Федерико Димарко, кој непречено погоди по прекрасната асистенција од Никол Барела. Сепак, италијанското водство траеше само две минути. Израмни Антоан Гризман, кој беше највешт во мешаницата во гостинскиот шеснаесетники лесно го совлада голманот Зомер.
Во 52. минута Гризман упати опасен удар кој овојпт Зомер го одбрани, а во 76. минута Маркус Турам можеше да ги реши проблемите на Интер, но во многу изгледна ситуација го промаши целиот гол.
На крајот Диего Симеоне ги фрли сите карти во нападот, а Мемфис Депај со удар од десет метри во 84. минута ја погоди стативата. Но само една минута подоцна Холанѓанецот сепак постигна гол, убаво ја прими топката од Коке, се ослободи од голманот и погоди во аголот. Во последните секунди од регуларниот дел, по продорот на Гризман, Родриго Рикелме беше сосема но ја испрати топката преку гредата и натпреварот отиде во продолжение.
И во судиското продолжение продолжи напаѓачки фудбал на двете страни, па во 97. минута ударот на Депај едвај го одбрани Зомер, а минута подоцна Лаутаро Мартинез со глава ја испрати топката само покрај голот. Сепак, во дополнителните 30 минути немаше погодоци, па последниот четвртфиналист го даде пенал серијата во која херој на мадриѓаните беше голманот Облак со двата одбранети удари од белата точка.