Афије од Финансии стана мегапопуларна. Си снима видеа за Тикток на работа. Еве за што граѓаните двојат пари
Афије сега кога стана позната насекаде, и веројатно го оствари замисленото секој да ги види нејзините видеа, се извини на Фејсбук. Видеата ги снимала после работно време…
Еве го нејзиното извинување: Јавно се извинувам доколу ја ставив во несодветна положба институцијата во која работам, а која е меѓу најпрофесионалните институции, истотака сакам да се извинам на јавноста што здоби слика дека јас како службеник во работно време се занимавам со приватни работи.
Видеото е дел од мојата приватна архива на профил-от на Tik Tok и истото е превземено без мое знаење и дозвола и злоупотребено во дневно политички цели. Сакам да Ве информирам дека во моето досегашно работење во ниту еден момент не сум го прекршила кодексот на однесување и секогаш сум допринесувала за максиимални резултати