АХВ и МВР спречија нелегален промет на свињи по потекло од Куманово

АХВ во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, открија и спречија промет на свињи по потекло од Куманово. По спроведената контрола од страна на инспектор на АХВ, утврдено е дека свињите по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.

„Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните. Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција“ се вели во соопштението на АХВ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.