Ахмети и Села во Гостивар потпишаа договор за коалиција за претстојните избори






На собир во спортската сала „Младост“ во Гостивар вечерва беше официјализирана коалицијата за изборите меѓу ДУИ и крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Договорот за коалицирање во „Европски фронт“ го потпишаа лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и Села.

„Денеска со моите браќа од другите политички партии сме тука, рамо до рамо. Ова е момент кога сакам да се потсетам и на спомени од минатото, на мојот прв состанок со Арбен Џафери за време на војната во 2001-ва година кој беше патриот. Албанците секогаш знаеле да се соединат во важни историски моменти, но имало моменти и кога тоа не се правело и затоа сме и расцепени. Сега е моментот да бидеме заедно еден со друг, да бидеме силни, затоа што ризикот од истокот доаѓа. Ни треба единство во размислувањето, да бидеме силни пред сите други со политички мандати, за да ги реализираме нашите мировни политики.“, рече Ахмети.
Во своето обраќање Села меѓу другото истакна:
„Денес овде имаме емоција на победа. А најубавата емоција е емоцијата на единство за да ги извадиме заедно Албанците на еден пат, кој е аманет на нашите претходни генерации кои страдале низ многу години, кои биле дискриминирани…На преродбеници кои ни покажаа дека нашиот пат е Европа и западот. Овде сме да го трасираме овој пат, да го направиме побрз, да биде еднонасочна улица. Сепак, не само еднонасочна, не само кон Европа, туку и пат за нашите браќа и сестри кои живеат во Европа да се вратат во родниот крај.“.

На собирот пред присутните говореше и кандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: