Ахмети: Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура

Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на терен во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“ меѓу другото упати порака до граѓаните.

Тој вели дека бил, е и секогаш ќе биде ангажиран во одбрана на каузата на Македонците.

„Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура….“, вели Ахмети.

Тој додава дека токму затоа сега сакаат да отворат нова сцена, проевропски фронт, што го забрзува нашето членство во Европската Унија.

„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“, порача Ахмети.

Извор: ТВ 21

Пронајдете не на следниве мрежи: