Пејачот Аца Лукас пред неколку години крена голема прашина со автобиографската книга „Ова сум јас“ во која откри непознати детали од неговиот бурен живот.
Најголема врева се крена околу неговиот живот со Соња Вуксановиќ . По детално опишаните кавги и навреди и нападите дека Лукас наводно ја изневерувал со некоја од „ Ѕвезда Гранд“, се појавија нови детали од книгата во која пејачот открила дека Соња наводно го изневерувала со кошаркар.
- Израел за прв пат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на ХамасИзраелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои- прочитај повеќе
- Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно– Снег и силен ветер предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот во Хрватска, БиХ и- прочитај повеќе
- Срамота е ова што го прават трговците пред празниците што доаѓаат, вели премиерот МицкоскиПремиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во- прочитај повеќе
- Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни пропусти во постапката, констатира ОбвинителствотоУтврдени битни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за- прочитај повеќе
- Македонија во моментов не размислува за враќање на задолжнителен воен рокВо моментов не размислуваме бидејќи нема доставено таква иницијатива. Секогаш и АРМ и- прочитај повеќе
Како што напиша Лукас по бројните расправии, нивниот однос бил исклучително лош, а се се сведувало на заеднички живот поради нивната ќерка и медиумите. Потоа планирале и патување во Америка, но на Лукас му била одбиена виза и Соња решила да оди сама, па останала со својата пријателка во Мајами.
-Се врати насмеана, среќата се гледаше на нејзиното лице. Лежев на креветот и играв некоја коцкарска игра… За среќа или за жал, го гледам таблетот на Соња… Го вклучувам таблетот и гледам непотпишана порака, но со ликот на испраќачот. Слика со брада на неа. Порака испратена од Америка – стои.
Врз основа на описот, многумина дошле до заклучок дека станува збор за познат кошаркар кого Лукас го криел зад псевдонимот „Мајами“ во книгата, а во прашање е познатиот кошаркар Марко Јариќ. Така Лукас решил да и направил непријатна ситуација на Соња.
– Лукас веќе некое време се сомнева дека Соња го изневерува. Не можел да одреди за кого станува збор, се додека една вечер не добил идеја да ги смени картичките во телефоните и да се допишува со личноста со која се гледала на име на Соња. Беше шокиран кога дозна дека тоа е Јариќ – изјави тогаш изворот.
– За да не се создава драма пред се да излезе на виделина, една вечер, додека биле на вечера, во име на Соња му испратил порака на Јариќ веднаш да му се јави. Кошаркарот го направи тоа, а потоа Лукас ѝ го подаде телефонот на Соња и рече: „Некој ти ѕвони, одговори“. Таа остана вознемирена и засрамена, а фолкерот така сфати дека сепак се е вистина – заклучува изворот.
Лукас на промоцијата откри дека се слушнал со Соња откако излегоа делови од книгата.
– Не сакав ништо да кријам и никој не треба да се лути. Се слушнав со Соња и таа е во ред со тоа. Изминативе денови и пречеа некои натписи во медиумите, но таа преживеа – изјавил фолкерот.
Пронајдете не на следниве мрежи: