Голем скандал се случил после мечот и убедливиот пораз на Македонија од Холандија со 24-34 вечерва, откако бившиот македонски репрезентативец Ацо Јоноски, кој сега е помошник на селекторот Кирил Лазаров тргнал да се пресмета со членови на македонската навивачка „Фаланга“, која дојде во голем број во Краков за да им даде поддршка на ракометарите.
Еден од навивачите на Македонија вечерва откри дека Јоноски им се пуштил и сакал да се тепа, нервозен и лут за критиките и свирежите што тој, стручниот штаб и ракометарите ги добија од Фалангата после мечот во кој Холанѓаните ни одржаа лекција по модерен и брз ракомет, па сега последна шанса за вториот круг на СП во Полска и Шведска е да се победи Аргентина во вторник.
Но, навивачите после мизерниот однос на Јоноски, сега најавуваат бојкот и дека воопшто нема да ја поддржат репрезентацијата.