Ацт Македонија секој вторник со хуманитарна акција пред Спомен куќата на Мајка Тереза

Ацт Македонија организира хуманитарна акција секој вторник пред Спомен куќата на Мајка Тереза со почеток од 18 и 30ч. Целта на оваа организација е собирање средства, обезбедувајќи им храна, облека, училишен прибор и сл. на лица кои што немаат никакви примања и им е најпотребно за опстанок.

Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот по забава
Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, додека четири лица се повредени и …
Потпретседателката на Филипини јавно се закани дека ќе организира убиство на претседателот
Потпретседателката на Филипини, Сара Дутерте денеска изјави дека нарачала убиство на претседателот Фердинанд Маркос помладиот, на неговата сопруга и на претседателот на Претставничкиот дом, доколку таа биде убиена.Таа повеќе пати повтори дека …

– Како дел од тимот на Ацт Македонија можете да ме контактирате мене како волонтер Билјана Јаневска ( https://www.facebook.com/BiljanaJanevskasecretary ) или пак да се обратите на официјалната страна на Ацт Македонија. да им помогнеме на оние граѓани на кои им е неопходно да добијат барем еден оброк во денот, вели Билјана Јаневска.

Ацт Македонија секој вторник со хуманитарна акција пред Спомен куќата на Мајка Тереза

Секој оној кој што сака може да се приклучи како волонтер и е повеќе од добредојден во Ацт Македонија.

-Јас сум волонтер од минатата година и ми е драго што можам да бидам нечија светлина на крајот од тунелот, вели Јаневска која што е инаку поранешна мисица, вработена во Јавното Претпријатие Депонија Дрисла, м-р по Управување со отпад и од неодамна партиска функционерка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.