Ања Кристоферсен (25) привлекува големо внимание на социјалните мрежи, особено откако ја сподели својата необична приказна со корисниците на Тик Ток, која изненади многумина, но и ги заинтригира подобро да ја запознаат.Оваа девојка се издвојува бидејќи има две вагини. Станува збор за вродена состојба во која уринарниот, гениталниот и дигестивниот тракт се спојуваат, па наместо три има еден отвор во карлицата.Отворено зборува за нејзината состојбаПоради овој вроден деформитет, кој погодува една од 50.000 девојки, Ања има два вагинални канали наместо еден, како и два грла на матката, и покрај уникатниот отвор.Ања реши отворено да проговори за својата необична состојба, но и да одговори на сите прашања кои ги интересираат луѓето, како на пример како изгледа нејзиниот сексуален однос, дали има двојни менструации, како и многу други прашања.Големи здравствени проблемиДевојката морала да се соочи со различни последици, а можеби најголемиот предизвик биле бројните операции на кои била подложена – 25 од нив со години се бори со инконтиненција, инфекции на уринарниот тракт и пневмонија.– Пораснав верувајќи дека можам да постигнам сè што ќе поставам, и покрај мојата вродена состојба – рекла таа и додала дека нејзината баба и мајка и’ рекле дека болеста не ја дефинира нејзината личност.Првата операција на Ања била извршена речиси веднаш по раѓањето, кога лекарите извршиле колостомија и везикостомија за да создадат отвори на абдоминалниот ѕид за пасење на столицата и урината.На седуммесечна возраст, лекарите ја оперираа нејзината карлица, правејќи засек сè до ‘рбетот за да ги одделат трите патишта и да ги создадат стандардните три отвори.Оттогаш, таа имала 24 дополнителни операции, вклучувајќи реконструкција на карлицата и стомачни проблеми.-Кога бев помладa често бев во болница поради инфекции на градниот кош и уринарни инфекции, хроничен запек бидејќи немам природни контракции на цревата, дополнителни лекарски прегледи, третмани и операции. Почнав да правам ректални миења секој ден за да ги поттикнам контракциите на дебелото црево – објасни таа.Интересно е што Ања успеа да ги скрши предрасудите на многу луѓе и успешно да се занимава со манекенство.Што значи кога жената има две вагини?Не сите жени имаат правилно развиена матка. Понекогаш дури и до крајот на животот не дознаваат дека овој дел од репродуктивните органи отстапил од нормалата.Двојната матка не мора да предизвикува никакви проблеми и обично се открива случајно при преглед, за време на третман на неплодност или кај жени кои имале спонтани абортуси.Дијагнозата се поставува со помош на ултразвук, а понекогаш и за време на царски рез. Раѓањето е обично предвремено, со можни потешкотии кои можат да доведат до итен прекин на бременоста.
Пронајдете не на следниве мрежи: