Баба Ванѓа му ја предвидела смртта на Саша Поповиќ, творецот на балканското тв-шоу “Ѕвездите на Гранд“

Да се наежи човекот! Саша Поповиќ, кој последните неколку месеци е во тешка здравствена состојба, деновиве е во дополнителна паника.  И не знае што да прави самиот со себе? Лежејќи со денови во болесничкиот кревет во една високоопремена здравствена клиника во Париз, челникот на тв-шоуто “Ѕвездите на Гранд“ се сеќава на тажните зборови кои му ги кажала прочуената светска јасновитка, сега веќе починатата баба Ванѓа. Саша признава дека во ова време додека е болен се ежи од тие нејзините зборови во кои тогаш не верувал да можат да бидат вистина.–Вознемирена е секако и неговата сопруга, (поранешната пејачка) Сузана Јовановиќ со која Саша е во долг хармоничен брак. Тогаш кај баба Ванѓа беше заедно со Лепа Брена, па таа може да потврди што му кажа јасновитката од која многумина имаа уплав.– Многу бев заинтересиран за тоа колку уште ќе живеам? Баба Ванѓа ми рече:              – Ќе умреш на 86 години, нема да загинеш, ќе се искршиш целиот, тешко ќе одиш, а нема ниту да страдаш од некое оружје. Но не се плаши, лесно ќе заминеш од овој свет. Ќе заспиеш и нема повеќе да се разбудиш. Така ми кажа слепата баба, а јас сега не можам да се смирам од тие нејзините застрашувачки и предскажувачки зборови.

Пронајдете не на следниве мрежи: