„Барби чајот“ помага да имате совршен тен и кожа: Растението кое во Македонија го има во изобилство е тајната на совршениот изглед на Марго Роби

Убавата актерка Марго Роби деновиве е во центар на внимание поради главната улога во филмот „Барби“.

Марго моментално важи и за најубавата жена на светот, а на многумина интересна им била нејзината љубовна приказна со сопругот, поради тоа што постојано ја плашела една работа.
Нејзината нутриционистка за филмот „Барби“ открила дека за совршениот изглед на Марго заслужно е и едно растение кое го има и кај нас.

Имено, во рамките на она што сега е популарно наречено „Барби диета“, Марго врз основа на оваа намирница ја базирала исхраната во текот на подготовките за филмот.
Една работа била многу важна за нејзиниот изглед, а тоа е чај од магарешки трн.
„Чајот од магарешки трн помага во чистење на црниот дроб, а кожата ја прави поздрава затоа што произведува повеќе глутатион којшто придонесува во сјајот и блескавоста. Сите барбики го пиеле тој чај“, открила Јасмина Вицо, нутриционистка за филмот „Барби“.

Доколку сакате да го пробате овој чај добрата работа е тоа што магарешкиот трн може да го најдете и кај нас.
Магарешкиот трн инаку е познат по тоа што го неутрализира штетното дејство на слободните радикали и ја намалува мутацијата на клетките. Исто така коренот од ова растение содржи арктигенин и кверцетин, супстанции кои поседуваат антитуморни својства.

Како се подготвува овој чај?
Една супена лажица иситнет и сув корен од магарешки трн прелијте ја со 200 милилитри врела вода. Оставете да отстои околу 30 минути, па испијте го. Препорачаната доза е една чаша исцеден чај пред јадење во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.