Батериите за електромобили се штетни за околината

Меѓународната организација Амнести Интернешнал ја осуди индустријата за електрични возила која се претставува како пријател на околината, а, како што наведуваат оттаму, произведува батерии „со помош на фосилни горива и неетички собрани материјали“.
Во извештајот се наведува дека производството на батерии е штетно за околината и за озонот поради емисијата на јаглерод, додека пак, снабдувањето со матеијрали за батериите е поврзано со кршење на човековите права, како што се оние околу детскиот труд.


– Електричните возила се клуч за оддалечување на автомобилската индустрија од фосилните горива, но тие во овој миг не се етички како што би сакале да ги гледаме. Подрачјата за изработката на литиум-јонски батерии најмногу ги има во Кина, Јужна Кореја и Јапонија, а при самото создавање на енергијата се согорува многу јаглен и други фосилни горива, стои во документот.
Светските производители на автомобили вложуваат милијарди долари во производство на електромобили. Фолксваген, на пример, само минатата година произведе 40.000 електрични возила. До 2025 година се планира тој број да изнесува три милиони.
Од друга страна, пак, во февруари годинава, 14 невладини организации, меѓу кои и АИ и Глобал Витнес, се спротивставија на плановите на Лондонскиот пазар на метал (ЛМЕ) да го забрани кобалтот кој е резултат на кршење на човековите права.
– Наместо забраната на кобалтни брендови, ЛМЕ треба да соработува со компаниите кои ги произведуваат, за да се обезбедува одговорно производство, истакнуваат од АИ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.