Американскиот претседател Џо Бајден вели дека разговарал за можни израелски напади врз иранските нафтени локации како одмазда за ракетните напади на Техеран врз Израел, во изјави за медиумите кои брзо ги зголемија цените на нафтата денес.
„Разговараме за тоа. Мислам дека тоа би било малку… во секој случај“, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа на прашањето дали го поддржува Израел да ги нападне нафтените постројки на Иран.