Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе размисли за откажување од претседателската трка доколку се појави „медицинска состојба“, пишува „Њујорк Тајмс“, цитирајќи извадок објавен од интервјуто на Бајден за БЕТ Њуз, пренесува Гардијан.
Според Тајмс, Бајден бил запрашан дали има некоја причина што ќе го натера да се преиспита да остане во претседателската трка. Како одговор, тој изјавил:
– Ако имав некоја здравствена состојба што ќе се појави, ако некој, ако лекарите дојде кај мене и ми рече, го имате тој и тој проблем.
Претходно овој месец, Бајден за време на интервјуто со водителот на Еј-Би-Си, Џорџ Стефанопулос, рече дека ќе се откаже од трката само ако „Господ Семоќниот“ му каже да го стори тоа.
Коментарите на Бајден доаѓаат во време на зголемени повици од Демократската партија која го номинира да се повлече од неговата кандидатура за реизбор. Сопартијците на Бајден се загрижени за неговата возраст и за менталната компетентност, особено по неговиот лош настап на првата дебата против Доналд Трамп.