Бајден за Нетанјаху: Ми прави пекол

Тензиите во односите меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не стивнуваат поради односот на Нетанјаху кон војната во Газа, пишуваат медиумите во регионот.

Според извори на NBC, Бајден наводно три пати употребил груб и навредлив термин за лидерот на сојузничка земја.

Од нападот на палестинскиот Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и почетокот на војната во Газа, Бајден се обиде да го убеди Израел да ја промени својата воена стратегија, но Нетанјаху вети дека ќе води војна додека Израел „не постигне целосна победа“ и „да го уништи Хамас. ”

„Тој само чувствува дека е доволно, дека нападот во Газа мора да престане“, рече еден од луѓето за ставовите на Бајден.

Американскиот претседател изјави и дека Нетанјаху „му прави пекол“, пренесува Бета.

Пронајдете не на следниве мрежи: