Бајден: Мојата цел е повторно да ја обединам Америка

Американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави денеска дека неговата цел е „повторно обединување на Америка“ и дека е голем оптимист за иднината доколку Американците се држат заедно.

Тој го кажа ова во говор во црква во северозападна Филаделфија за време на посетата на американската држава Пенсилванија, која има критично значење за изборите, пренесува CBS News.

„Јас сум во оваа работа многу долго време и морам искрено да кажам дека никогаш не сум бил толку оптимист за иднината на Америка, само ако останеме заедно“, рече Бајден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.