Бајден не се откажува: Останувам кандидат и ќе победиме

Американскиот претседател Џо Бајден на митингот во Детроит, Мичиген, повтори дека нема да се откаже од трката за нов претседателски мандат.

Тој предупреди и дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп претставува сериозна закана за земјата и демократијата.

„Останувам кандидат и ќе победиме. Јас сум номиниран. Не одам никаде“, порача Бајден пред присутните на митингот, кои го поддржаа со повици да не се откажува..

Осумдесет и едногодишниот Бајден, како што оценуваат политичките аналитичари и медиумите во САД, се обидува да ја оживее својата кампања за реизбор и да го оттргне вниманието од проблемите со меморијата. 

Пронајдете не на следниве мрежи: