Гостувајќи на американскиот ТВ-канал Еј-би-си (ABC), Бајден ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, и покрај тоа што претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, неколкупати упати барање до Западот за овој тип авиони.
Претседателот на САД, Џо Бајден, ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесува Анадолу.
- Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција
- 3 знаци очекуваат луда среќа до 2027 година! Сè што ќе допрат ќе се претвори во злато
- Преговори за бугарска влада: Да водиш држава со социјалисти е исто како да водиш детска градинка со педофили
- Дозволи жената да го донесе својот љубовник дома! Семејните скандали на Стивен Хокинг го шокираа светот
- КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ: Сметката на ФК Вардар се одблокира, доаѓа буџет од 3.000.000 евра
Гостувајќи на американскиот ТВ-канал Еј-би-си (ABC), Бајден ја исклучи опцијата за испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина, и покрај тоа што претседателот на таа земја, Владимир Зеленски, неколкупати упати барање до Западот за овој тип авиони.
„Видете, ние му (на претседателот на Украина, Зеленски) испраќаме она што нашата искусна војска смета дека сега му е најпотребно. Нему му се потребни тенкови, потребна му е артилерија, потребна му е противвоздушна одбрана, вклучувајќи уште еден ХИМАРС“, рече Бајден.
Запрашан за потенцијалното испраќање на борбените авиони Ф-16 во Украина, советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан, во четвртокот рече дека „Ф-16 не е прашање за краткорочна борба туку за долгорочна одбрана на Украина“.
Бајден оваа недела во Киев се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Во текот на посетата на Киев, американскиот претседател најави дополнителна воена помош за Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи: