Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро да воведе санкции и визни забрани за поединци кои ја ограничуваат слободата на медиумите ширум светот, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
„Во следните недели, претседателот ќе преземе административни мерки како одговор на глобалната репресија врз слободата на печатот… и ќе одобри активности, вклучително и санкции и забрани за визи, против оние кои сакаат да ги замолчат медиумите“, рече таа на брифингот со новинарите.
По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, Бајден повика и на итно и безусловно ослободување на сите новинари ширум светот.