Екипата на британската телевизија ББС вчера пристигна во Белград со намера да сними репортажа за Србија, ноќниот живот но и за Лепа Брена.
„Ќе се фокусираме феноменолошки на историјата на Балканот, но исклучиво на убави феномени, со оглед натоа што имаше и многу грди случувања, воглавно воени. Српската престолнина е во светот позната по ноќниот живот и тоа е еден од интересните феномени. Другиот е секако Лепа Брена, која ќе остави белег на музичаката сцена не само во Србија, туку и во поголемиот дел од Европа. Се на се ќе се обидеме на светот да му испратиме некоја убава слика за Србија и ова подрачје“, вели продуцентот Брајан Ли.
Ваков пристап на Британецот од една од највлијателните светски телевизии на Брена многу и се допаднал и многу е расположена за разговор со него.
„Баш ми е мило што имаме прилика нашата музика и енергија да ја претставиме пред светот. Драго ми е што ќе допринесам за тоа и многу серадувам за разговорот со британскиот новинар, бидејќи конечно светот ќе може да виде дека сме мирољубив народ, гостопримлив и добар народ, а не како некој кој цело време војува“, рече Брена за Блиц.
Инаку екипата на познатата британска мрежа веќе ја осетила магијата на Белград, бидејќи се запавувале на сплавовите до рано наутро.Екипата на британската телевизија ББС вчера пристигна во Белград со намера да сними репортажа за Србија, ноќниот