БГНЕС: Емил Стоjменов газдата на КАНАЛ5 има бугарски пасош

Бугарската новинска агенција БГНЕС објави дека Емил Стojменов, сопственикот на македонската телевизија Канал 5 е бугарски државјанин.

Ова за БГНЕС го потврдиле извори од три бугарски институции – Министерството за правда, МВР, како и дирекцијата која ги обработува документите пред да го издаде указот.
Како што пишува новинската агенција, Емил Стоjменов добил бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло во 2020 година и има валидни документи до 2031 година.
-Имињата во Северна Македонија кои имаат бугарско државјанство ќе се објавуваат сè побрзо, поради тамошните кругови кои тврдат дека во Бугарија има кругови кои не сакаат добри односи со Скопје. Ова се обвинувања за земја која најмногу и помогнала на Македонија во последните 30 години. Голем дел од овие кругови во Скопје се дел од просрпските и проруските сили во Северна Македонија, кои го блокираат патот на земјата кон Европската Унија, со пропаганда со омраза и агресија на антибугарските и антиевропските чувства во општеството – пишува БГНЕС.
Новинската агенција претходно објави дека министерката за енергетика, Сања Божиновска има бугарско државјанство.
Агенцијата, повикувајќи се на „податоци во Бугарија“ тврди дека околу 200 илјади граѓани на Северна Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на нивното бугарско потекло, односно „секој петти етнички Македонец има бугарско државјанство и има право на бугарски пасош

Пронајдете не на следниве мрежи: