Бебе има веќе 17 месеци, а никој не знае кој пол е- ќе дознае кога ќе има 21 година

Пред повеќе од една година Хобит Хамфри(38) и Џејк Ингланд (35) од Англија станале родители.
Меѓутоа она што е несекојдневно е нивнаа одлука да не кажат кој пол е бебето, дали е момче или девојче, се додека тоа не наполни 21 година.
Му дале унисекс име Ануш, а од сите бараат да му се обраќаат на детето со „Тоа“.
За време на гостување во ББЦ велат дека само тие му ги менуваат пелените на бебето, па дури и најблиските не знаат кој пол е бебето, освен бабата и дедото.


-Со оваа одлука сакаме да се осигураме дека луѓето нема спрема нашето дете да се одесуваат поинаку само поради полот на кој припаѓа, Кога ќе порасне само ќе одлучи кој пол е. Не сакаме на бебето да му наметнуваме било што, само ќе бира.
Тие уште во бременоста го криеле полот на бебето.
Бебето го облекуваат и во женски и машки бои, а како што велат дека бебето засега развива интерес за различни нешта, не само за кукли или само за колички и топки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.