Без влечкање надвор и мачно триење: Како темелно да го исчистите тепихот за само 20 минути?

Перењето на тепих бара многу подготовка и енергија за да се измие и отстрани сета нечистотија од него. Поради триење со четка, како и сушење на тепихот во домот, потребни се и одредени услови.

За среќа, на интернет се појави трик за чистење теписи со кој можете да го исчистите на лице место, во просторијата каде што е поставен без да го влечкате надвор и нема да мора да трае со часови. Се што ви треба е сода бикарбона.

Прв чекор
Темелно исчистете со правосмукалка, а потоа натопете памучна крпа во оцет и избришете го целиот тепих.

Втор чекор
Сега земете уште една крпа, натопете ја со вода, а потоа ставете сода бикарбона врз неа.

Трет чекор
Избришете го целиот тепих со оваа крпа и оставете го да отстои околу половина час.

Четврт чекор
На крајот добро исчистете го тепихот со правосмукалка. Освен што ќе ги отстрани непријатните мириси и ситната прашина, оцетот ќе го дезинфицира тепихот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.