Без грижа на совест: Намирници кои можете да ги јадете навечер

Многу луѓе не можат да им одолеат на доцните оброци, иако знаат дека поголемиот дел од намирниците не се добри за дигестивниот систем, кога метаболизмот е забавен.Иако ниту еден експерт од областа на исхраната нема да ве советува да јадете во доцните часови, постојат и намирници кои нема да ве здебелат.
За таа цел, порталот “Bright Side” издвојува листа на намирници кои се богати со протеини, имаат низок процент на шеќери и низок гликемиски индекс.


Сирење
Сирењето е богато со протеини кое лесно ќе ве засити сè до наредниот ден. Препорака е да консумирате сирење со низок процент на маснотии, наместо полномасно сирење како фета. Многу луѓе не можат да им одолеат на доцните оброци, иако знаат дека поголемиот дел од намирниците не се добри за дигестивниот систем, кога метаболизмот е забавен.Иако ниту еден експерт од областа на исхраната нема да ве советува да јадете во доцните часови, постојат и намирници кои нема да ве здебелат.
За таа цел, порталот “Bright Side” издвојува листа на намирници кои се богати со протеини, имаат низок процент на шеќери и низок гликемиски индекс.
Сирење
Сирењето е богато со протеини кое лесно ќе ве засити сè до наредниот ден. Препорака е да консумирате сирење со низок процент на маснотии, наместо полномасно сирење како фета.
Јогурт
Научниците докажале дека јогуртот е одлична замена за вечерната ужина. Тој е полн е со протеини, не содржи многу масти и има многу малку шеќери. Додадете некое овошје во него, како малини, капини или јагоди за да добиете повкусен оброк.
Пуканки
Иако звучи изненадувачки, сепак пуканките се на листата на храната која е дозволена да се јаде навечер. Притоа, заборавете на пуканките кои се припремаат во микробранова печка бидејќи тие се полни со масти.


Јајца
Јајцата се уште една опција за вечерна ужина. Едно јајце содржи само 75 калории и има висока содржина на протеини кои добро ќе ве заситат.
Зеленчук
Зеленчукот е најдобар избор бидејќи поголемиот дел од овошјето има високо ниво на гликемиски индекс и нема да гладувате сè до следниот ден. Подгответе целер или морков, а можете и да си направите салата од зеленчук по ваш избор.
Банана
Во оглед на тоа што бананите се висококалорични, тие имаат висока содржина на калиум и магнезиум што ги прави совршена намирница за опуштање. Бананата е богата и со мелатонин, кој, според некои истражувања, нè прави поспани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.