Без капка масло, а вкус кој ќе ви ја згрее душата


Потребно е:

500 гр компири
2 белки
зачини по вкус
хартија за печење

Подготовка:

Измијте ги, излупете ги и исечете ги компирите на тенки стапчиња. Белките изматете ги со вилушка, кои по ваш вкус можете да ги посолете или да додадете зачини. Компирите прво потопете ги во белката, па наредете ги на хартија за печење. Вака подготвениот помфрит печете го во загреана рерна на 220 степени додека не порумени.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: