Безалкохолното пиво е корисно, еве кога е најдобро да го пиете

За многумина кои трчаат, возат велосипед и редовно посетуваат вежбалница, пиењето пиво и тренингот се речиси нераскинливо поврзани. Во полза на оваа несекојдневна навика, стручњаците велат дека безалкохолното пиво е многу подобар избор од обичното, па дури и полезно колку и обичните спортски пијалаци.

Истражувањата покажуваат и дека физички активните луѓе можат да пијат поголеми количини алкохол. Научен труд под наслов „Фит и пијан?“ на списанието „Медицина и наука во спортот и вежбањето“ (Medicine & Science in Sports & Exercise), посочува дека мажите и жените со релативно висока аеробна кондиција имаат повеќе од двапати поголема веројатност да пијат умерено, иако обилно, од оние кои не вежбаат.
Исто така, се посочува дека алкохолот, вклучително и пивото, во умерени количини, влијае и зајакнувањето и „растот“ на мускулите преку вежбањето.

„Инциденцата на УРТИ (параметар за опасности од воспаленија на дишните патишта, б.п.) е 3,25 пати помала кај луѓето кои пијат пиво. Тие, исто така, покажаа пониски маркери на воспаление и други индикатори за генерално подобрен имунолошки одговор во крвта“, нагласуваат истражувачите.
Безалкохолното пиво, пак, се чини дека е корисно и делотворно и за хидратацијата на телото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.