Пензионираниот фудбалер Дејвид (43) и неговата сопруга, поранешната пејачка и модна дизајнерка Викторија Бекам (44), се големи љубители на социјалните мрежи благодарение на кои нивните обожаватели често имаат шанса да ја видат внатрешноста на нивниот дом во Лондон.
Иако поради работата со која се занимаваат живеат и во Лос Анџелес, тие секогаш со задоволство престојуваат на адресата во Лондон. Прекрасниот семеен дом на познатата брачна двојка вреди 31,5 милион фунти.
Во уредувањето на домот на Бекамови голема улога имаше самата Викторија, која на социјалните мрежи често го покажува нивниот раскошно уреден дом.
Викторија се потруди домот во Лондон да не им биде премногу ладен со помош на посебни рустични детали, кои му даваат одредена топлина.
Тесниот ходник, поплочен во црно-бел мермер, води кон нивната луксузна трпезарија, во која доминира дрвото. Наместо столчиња во трпезаријата, познатото семејство седи на рустични клупи обложени со удобна ткаенина во бела и бежова боја.
Семејството особено сака да го поминува слободното време во кујната, а Дејвид неодамна се пофали на „Инстаграм“ дека знае и да готви. За своето шестчлено семејство тој со задоволство подготвува палачинки, кои сите ги обожаваат.
Луксузниот лондонски дом на Бекамови располага со пространа фитнес-сала, студио и винарска визба и убава градина која ја одржуваат десетици луѓе. Поранешната „спајсица“ постојано ги следи работите во нивната раскошна семејна вила.