Белгија ја победи Македонија со 1:0 (0:0) во натпреварот од шестото коло во квалификациската Група А за пласман на Светското првенство во Бразил во 2014 година.Македонија го одигра најлошиот натпревар во овој квалификациски циклус, Белгија доминираше во текот на сите 90 минути и со погодокот на Азар стигна до победата.Македонија, по почетните 10 минути кога целосно ја контролираше играта, во останатиот дел од првото полувреме беше оријентираната на одбраната на својот гол.Белгија во текот на првото полувреме ја контролира играта, но од поседот на топката домашните фудбалери не успеаја да профитираат.Најсериозната шанса за постигнување на гол Белгија ја имаше преку Азар, но неговиот удар од 20 метри го одбрани Пачовски.Белгија постигна гол во 35-та минута, кој оправдано беше поништен поради офсајд позицијата во која се наоѓаше Вермален.Императивот на победа го натера белгискиот селектор да изврши две промени и својот тим да го постави во целосно офанзивна формација.Серизона закана по голот на Пачовски беше ударот на Азар, кој од 18 метри ја погоди гредата на нашиот гол.Белгија, потоа целосно ја презеде иницијативата, Македонија се бранеше со девет фудбалери, а и покрај иницијативата ‘црвено жолтите’ повторно му подарија гол на противникот.Нафрлувањето на Де Бруин лошо го исфрли Георгиевски директно на ногата на Азар, кој со дриблинг од игра г осфрли Шиков и Георгиевски и потоа рутински го матира Пачовски во 62-та минута.Македонија во вториот дел имаше три обиди да постигне гол, Новески во 50-та минута со глава од седум метри упаи премногу млак удар над голот на Белгија, Пандев во 69-та минута од десната страна се обиде да пласира, но ударот заврши над голот на белгијците, додека најопсаен беше ударот на Глигоров во 75-та минута, тој од прва биеше од 18 метри но топката мина крај голот на Белгија.Во оваа група Србија со двата гола на Ѓуричиќ со 2:0, Хрватска со многу мака победи во Велс со 2:1.На табелата Белгија и Хрватска имаат по 16 бодови, Србија е трета со седум, Велс освои шест, Македонија има четири, а Шкотска е последна со два бода.
МакфаксБелгија ја победи Македонија со 1:0 (0:0) во натпреварот од шестото коло во квалификациската Група А за пласман на Све