Белград има уште простор и време за добивање датум за почеток на преговорите за придружување на Европската унија, меѓутоа државниот врв сериозно да ја сфати позиција при постигнување договори со Приштина, пишува во средата белградскиот весник Данас, повикувајќи се на извори во Брисел и соговорници блиски на српската влада.
„Има уште простор Србија наскоро да го стори новиот чекор во својата европска интеграција, односно да добие позитивен знак од Брисел за почеток на преговорите за членство во ЕУ, меѓутоа неколкуте следни денови државниот врв во Белград мора сериозно да ја сфати својата позиција и улога во постигнувањето договор со Приштина, како и во неговата примена доколку дојде до договор”, ги сублимира Данас оцените на соговорниците блиски на српската влада и на Европската комисија.
Српската влада во понеделникот едногласно на вонредна седница го отфрли понуденото решение за Косово и да предложи итно продолжување на дијалогот со посредство на Европската унија. Белград тврди дека не може да ги прифати предложените принципи коишто усно му биле предложени на српскиот преговарачки тим, бидејќи не ја гарантира целосната безбедност, опстанокот и заштитата на човековите права за Србите на Косово.
На Белград му беше оставено до понеделникот буквално до крајот на работното време, а не во вторникот како што беше претходно најавено, да одлучи дали го прифаќа договорот за статусот на заедницата на српските општини во неговата поранешна јужна покраина Косово и Метохија во која албанските власти во Приштина во 2008 година со поддршка на САД и европските сили еднострано прогласија независност, и за тоа да ја извести ЕУ.
Белград и Приштина досега во осум кругови од преговорите за нормализација на меѓусебните односи под покровителство на Брисел се обидуваа та постигнат договор за статусот на косовските Срби, а косовските власти се согласија на заедница на општини, но не и на извршните овластувања во сферата на полицијата, правосудството, катастарот и образованието, коишто ги бараше Белград.
По осмиот круг разговори Ештон соопшти дека „разговорите се формално завршени”. Договорот со Приштина за Србија е клучниот услов за нејзиниот напредок во евроинтеграцискиот процес и добивање датум за пристапните преговори за членство во ЕУ.
Сега откако српската влада одби да го прифати договорот за решавањето на прашањето на заедницата на српските општини во северно Косово и побара продолжување на дијалогот со Приштина, дипломатски извори во Брисел за белградскиот весник наведуваат дека постои и „временски бонус”, а тој рок наводно би бил до 22-ри април, за кога е планиран министерскиот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија. Според неофицијалните, процени, на 22-ри април министрите би можеле да разговараат и за датумот или, пак, за некој вид „замена” за датумот којашто би овозможила процесот на приближување на Србија кон ЕУ да продолжи годинава, за што последниот збор мора да го даде Европскиот совет чиј самит ќе се одржи на 28-ми јуни.
Јасно е дека доколку не дојде до договор или доколку Белград во следните неколку денови „не се однесува сериозно”, за напредокот во евроинтеграциите тешко дека ќе може да стане збор, наведува Данас. Извори на весникот од Брисел истакнуваат дека „ЕУ не ја затвори целосно врата за Белград” по одлуката на владата да го отфрли понудениот договор со Приштина и да побара продолжување на преговорите „Србија следните денови мора да најден начин за постигнување јасен, прецизен и спроведлив договор, доколку нејзината цел е да напредува кон ЕУ”, се наведува во пораката на дипломатски извори од Брисел што ги цитира Данас.
Според неименуваниот извор на весникот од седиштето на Унијата, во моментот кажано со спортски речни се играат продолжувања, а од однесувањето на Србија и нејзината сериозност зависи што во својот извештај до Европската комисија ќе напише високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и, што е поважно, кои ќе бидат заклучоците на министрите за надворешни работи една седмица подоцна.
Макфакс
Белград има уште простор и време за добивање датум за почеток на преговорите за придружување на Европската унија, меѓу