Белградска Арена од денеска повторно КОВИД БОЛНИЦА
Белградската „Арена“ од денеска е привремена болница, која може да прими 510 пациенти од КОРОНА ВИРУСОТ.
Министерот Вулин при посетата на објектот рече: – Следејќи го развојот на епидемиолошката состојба, српската војска уште еднаш ја подготви Арена за прием на пациенти. Подготвени сме да го сториме тоа веднаш штом медицинските власти тоа го побараа.
Арената има и централен довод на кислород, па така пациентите можат да бидат приклучени на респиратор.
Во моментот во привремената болница работат 10 лекари и 20 медицински сестри кои ги чекаат првите пациенти. Во Србија во моментов хоспитализирани се 390 лица заболени од Ковид-19, од кои 24 пациенти се приклучени на респиратор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.