Рускиот олигарх Борис Березовски се самоубил со бесење, покажаа резултатите од обдукцијата, јавува Си-Ен-Ен.„Резултатите од обдукцијата покажаа дека причината за смртта одговара на бесење“, соопштија од канцеларијата на главниот патолог.Истражните органи сè уште ги чекаат токсиколошките наоди, а куќата во која е пронајден Березовски ќе остане под надзор додека не се разјаснат некои околности околу неговата смрт.Шеесет иседумгодишниот Березовски беше пронајден мртов на подот на својата бања во Беркшир. Тајкунот од 2000 година е во егзил бидејќи Русија распиша потерница по него, а важеше како голем критичар на Кремљ. Минатата година го загуби судскиот спор против Роман Абрамович кој го тужеше за клевета.
МакфаксРускиот олигарх Борис Березовски се самоубил со бесење, покажаа резултатите од обдукцијата, јавува Си-Ен-Ен.