Беше една од нашите најдобри актерки
Македонската актерка Билјана Беличанец студиите на Факултетот за драмски уметности во Скопје ги заврши во 1994 година, како најмлад глумец и истата година се вратови во Народниот театар Војдан Чернодрински во Прилеп. Таа во овој театар воглавно ќе ги игра главните улоги, а по три години преминува во Драмскиот театар Скопје каде што живее до нејзината смрт.
Таа е родена на 25 јули 1973 година во Скопје, а почина на 6 април 2019, кога беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Скопје.
Билјана важеше за една од најдобрите македонски актерки, а нејзиниот татко беше познатиот македонски водител на манифестации Симон Беличанец.
Покрај бројните претстави, се има појавено во голем број филмски остварувања и телевизиски серии, а остана запаметена и по улогата на Туфи во култната македонска детска емисија „Здраво, генијалци“.
Покрај глумата, Блијана се занимаваше и со синхронизација на серии од турски јазик на македонски, а меѓу нив и на ликот на Хурем Султан во турската серија „Сулејман Величествениот“.
Последното интервју со Билјана
Таа се проба и во политичките води. Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ од 2013 до 2017 беше градоначалничка на Кисела Вода.