Бизарна теорија: Фановите се убедени дека Кевин станал убиец

Бидејќи празниците се ближат, сега е совршено време повторно да ја погледнете класиката „Home Alone“.
Меѓутоа, ако сакате да го гледате Кевин МекКалистер како се справува со провалници, тогаш новата теорија на обожаватели што се шири на интернет може да ве вознемири.
Во филмот од 1990 година, Кевин, кој го игра Меколи Калкин, останува сам дома додека неговото семејство патува во Париз без него.
За работите да станат уште полоши, провалниците Хари и Марв решаваат да ја ограбат куќата, но снаодливиот Кевин нема намера да дозволи тоа да се случи и поставува голем број замки за да ги спречи провалниците.

Момчето низ куќата поставува голем број болни стапици, вклучително загреана метална квака, закачени лименки со боја, па дури и ја запали косата на еден од провалниците.
И токму овие внимателно изработени стапици ги наведоа некои фанови да помислат дека возрасниот Кевин би можел да биде Џигсо (Jigsaw), односно убиецот од хорор филмот „Saw“.
Обожавателите забележаа дека и Џигсо и Кевин користат електронски уреди за снимање за да разговараат со своите жртви и забележаа дека Џигсо запалил една од неговите жртви до смрт, што сугерира дека тоа можеби е идеја што Кевин ја добил од шпоретот во морничавиот подрум на своето семејства.
„За мене тоа е сосема убедливо. Кевин = Џигсо, и двајцата прават сложени стапици, и двајцата имаат проблеми со бесот, стапицата за мечки од „Saw“ изгледа како шпорет во подрумот на Кевин. Џигсо има и соба која личи на подрумот на Кевин“, пишува еден корисник на Reddit.
Оваа теорија дојде и до Џејмс Ван, режисерот на „Saw“, а тој смета дека е „неверојатно“.
„Требаше да знам дека Меколи Калкин ќе порасне во Џон Крамер“, изјави тој за Huffington Post.
„Мислам дека е одлично. Многу сум поласкан што луѓето одвојуваат време да се забавуваат со сите овие теории на заговор“, додаде Ван.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.