Хрватскиот новинар Томислав Новак поради експеримент прв пат во животот отишол на „цајки“, како што турбо фолк музиката се нарекува во Хрватска, за да би видел точно по што младите во Хрватска ја губат главата.
Ова е неговата приказна:
„Нема едноставен начин да ви го признаам ова па еве радо одма во глава: Страшно згрешив минатиот викенд. Во петокот прв пат во животот отидов на цајки.
Цајки, турбофолк, народњаци, растегнување на копчиња, етно техно (сериозно?), наречете го тоа како сакате, но секогаш тоа се трубачи, хармоники, завивање, алкохол, лажно крзно и мини фустанчиња, кршење чаши, се до утрото.
Во Загреб имено гостуваше извесна Рада Манојловиќ, ми велат дека е како ѕвезда, а лансирано е и ново радио за цајки, па помалку од љубопитност, повеќе од мазохизам, одлучив да дознаам околу што денеска пола нација сече вени од уживање, а другата половина од ужаснување. Ќерка ми има пет години, но брзо сакал не сакал ќе дојде време кога ќе припаѓа на едната или на другата половина, па за секој случај одлучив и јас да го запознаам непријателот.
-Да да, во научни цели одиш, како не, цинично ми говореше сопругата додека се спремав за излегувањето. Од неа и малечката се опростувам како да одам на фронт.
-Никогаш не знаеш кој ќе биде стихот кој ќе те погоди рамно во срце, можеби ќе искрварам на шакот, кажувам лоша шега. Никој не се смее, од станот ме испраќаат две ледени лица. Слично е и на влезот во клубот. Иако помина полноќ, јас и пријателот влегуваме во празен простор.
-А каде го оставам пиштолот?, ја прашувам згодната гардероберка.
-Да, вели таа. Повторно ледено лице.
Знам, драг читатели, дека за цајките, како и сите знаеш баш се и ти, но ако одиме искрено, јас во петокот многу научив.
Затоа што сум стар како Библија и скоро 20 години не сум излегол поштено (тогаш во мода беа техно забави), многу што се променило. Турбофолкот се чини исто така зачекори во 21 век.
Го нема Циге на виолина, ништо од хармоникашите, ниту еден ќелав сомнителен тип, ниту една „наточи ми ракија и викај полиција“ нарачка на шанкот. Клуб уреден како да сме на Ибица, наместо тапацирани сепариња, завеси и карирани чаршави, насекаде видео ѕидови.
Наместо бенд со тапанар голем микс пулт и два Ди- џеја, а до два наутро од звучниците исклучиво хаус музика. Ништо „ме издаде пријателот, ме издаде братот“, „ме запали како суво сено“, „виски ме удира, ред бул ме крева“. Само Ријана, Дејвид Гета, по некоја од Снуп Дог. Разочаран сум, никој веќе не носи шпиц кондури, сите дечки во адидаски , со хипстерски бради ги зафатиле масите со кибли полни енергетски пијалоци.
-Да погодам, дојдовте први, се шегува со нас на чет девојката на пријателот.
-Да, но заминуваме последни, глумиме фаци и потајно се надеваме дека се ќе заврши пред два.
Но и таа Рада на сцената не се појави пред 2 и пол, а наместо бенд ја прати тип на футуристички синтисајзер што блешти како вселенски брод од Спилберговите блиски средби со третата врста. Редарите средени како да излегле од насловната на Вог, а не од црна хроника на медиумите.
Така оди тоа денеска во ерата на Инстаграм.
А Рада? Имаше тука се, и Шумадија и поп, пресече жената со источни мелоси со акапела од Мишо Ковач. Тоа јас го вела вонтелесно искуство.
Врвот на вечерта? На шанкот забележувам млада девојка, веројатно средно школо, во друштво со нејзината мајка. Седат, пијат кока кола и го чекаат концертот, стара намрштена седи и чека.
Веќе гледам како одела работата. Мала ден порано молела да одат на концерт.
Каков, прашува мајката. Ма тоа тие скоро домашна, скоро поп музика, вели малата.
-Бранко дај ми го клучот од таванот, му вели таа на мажот, го вадам од ковчегот оној фустан од свадбата. Не оди оваа мала никаде сама.
Би се смеел, ама ми се плаче. Во неа се гледам себе за 10 години.
Исцрпен, конечно доаѓам дома околу 4, ниту слушам ниту гледам. Жена ми се кикоти, јас штуцам.
-Тато, дали вчера беше на сајко, ме прашува малата за доручек.
-Се вели цајка, и објаснувам строго- и само да знаеш никаде ти веќе не одиш сама. Зошто ова стварно беше сајко.“