Билети за концертот на Адел од 3.500 долари до огромни 70.000 долари: Фановите гневни …

По Европа, британската поп пејачка Адел ја продолжува турнејата во Лас Вегас, а цените на билетите за нејзините концерти се енормно високи, што ги налути нејзините обожаватели.Имено, првите седишта покрај сцената достигнуваат цена од повеќе од 5.000 долари, а оние кои ќе изберат места на последните седишта од салата ќе треба да платат меѓу 3.500 и 4.800 долари.Препродавачите нудат билети за неверојатно големи суми кои се движат од 13.000 долари па се до 70.000 долари.Фановите на социјалните мрежи го изразија својот гнев и разочарување поради овие цени.„Таа е неверојатна, но цените на овие билети се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Затоа многу Американци дојдоа на концерти во Германија“, „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“, се дел од коментарите.По оваа турнеја пејачката најави подолга пауза во музичката кариера, а сака да се посвети на актерството.Потсетуваме, „Адел во Минхен“ беше втора концертна резиденција на британската пејачка, откако пред две години започна низа настапи во Лас Вегас. Турнејата со десет датуми, која вклучуваше два концерта неделно, започна на 2-ри август и заврши на 31-ви август.Меѓутоа, освен што е единствената европска турнеја, особено внимание привлече наменскиот простор во Месе Минхен, кој чинеше дури 100 милиони фунти и имаше капацитет до 80.000 посетители дневно.Покрај тоа, Адел успеа да постави нов светски рекорд. Всушност, Гинисовата книга на рекорди официјално потврди дека Адел го имала „најголемиот континуиран надворешен LED екран“.

Пронајдете не на следниве мрежи: