Битиќи: Предметите не застаруваат заради измените на КЗ, туку заради спората работа на судовите

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во гостување во Само интервју на Канал 5 телевизија истакна дека измените на Кривичниот законик не се направени за поединец или поединци туку заради колективното добро и нагласи дека предметите не застаруваат заради измените на КЗ, туку заради спорото работење и одолговлекување од страна на судовите.

– Кривичниот законик не беше изменет за индивидуа и не се укинува неказнивоста, напротив таму има казнивост. Јас извадив еден податок, околу 1.000 предмети годишно застаруваат, значи застаруваат заради судовите. Не може еден предмет бесконечно да се влече, по девет години и да не застари, вели Битиќи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.