– Не ги добиваме овие пари за што било. Ќе ги користиме за справување со кризата. На крајот на денот можеби ќе ги користиме токму за поддршка на инвестиции на компаниите за да им помогнеме во нивните напори за справување со криза, рече Битиќи.
Овој данок, како што појасни, ќе се однесува само за профитот остварен годинава и е поголем од четиригодишниот просек, а со него се очекува да се опфатат неколку илјади компании.
– Компаниите коишто евентуално ќе се опфатат со законот се сите компании кои имаат приход над 10 милиони евра во оваа година и кои имале одреден профит. Моделот е компаниите кои имаат приход над 10 милиони, ако нивниот просечен профит во последните четири години не е поголем од 12 отсто оваа година, тие нема да се опфатат. За симулација, компанија има просечен профит последните четири години од еден милион евра, оваа година му се дозволува раст од 20 отсто, тоа значи 1,2 милиони евра. До 1,2 милиони евра ќе имаат иста даночна стапка каква што имало и сега за данокот за добивка. Разликата од 1,2 милиони евра до евентуално новиот профит, којшто на пример е два милиони евра, односно на разликата од 800 илјади евра се пресметува 30 отсто данок на добивка само за оваа година, или дополнителни 240 илјади евра ќе бидат платени во име на данок на добивка, рече Битиќи.
Според вицепремиерот, целта не е да да казнат некого, туку сметаат дека праведноста и правичноста во секој даночен пристап треба да бидат клучни.