Биткоинот денес се искачи на највисокото ниво

Криптовалутата брзо се искачи денес до највисокото ниво од ноември наваму.
На овој начин се стави крај на тримесечното спокојство на пазарот, кој е во вредност од 160 милијарди долари, покажуваат податоците на „Bloomberg“.
Трејдерите не можат да ја посочат причина зошто Bitcoin накратко се искачи над 5.000 долари и ја зголеми вредноста на дигиталните средства, следени од CoinMarketCap.com за околу 17 милијарди долари за помалку од еден час.


Малку пред пишување на текстот, Bitcoin се тргуваше за 4,769 долари, раст од 15.75%, според Coindesk.
Другите дигитални валути исто запишаа растови, а во топ 100 од најголемите по пазарна капитализација само 6 запишаа пад.
Ненадејните промени на цените на Bitcoin не се ништо ново. Од почетокот на годината, сепак виртуелната валута не влегува често во вестите, а трговијата беше безживотна.
Учесниците на пазарот велат дека големи купувања може да доведат до слични промени во цените.…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.