Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја Битола старт-ап е твоето место e пораката која поттикнува млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси во Пелагонискиот регион.
– Битола е веќе сериозно поставена на мапата на старт-ап центри, така што со овој повик очекуваме уште поголем број на апликанти кои со помош на нашата менторска и тренинг програма во следните неколку месеци ќе ги развиваат нивните иновативни старт-ап идеи, а најуспешните ќе бидат поддржани со грант во форма на финансиска поддршка за нивниот почеток, изјави Лидија Ангелкова координаторка на програмата за поддршка на старт-ап компании во ПРЕДА Плус Фондацијата во Битола.
Повикот е отворен за сите оние кои имаат иновативни идеи и сакаат да ги преточат во бизнис, но им недостигаат одредени знаења и поддршка да стигнат до целта. И во четвртата старт-ап програма ќе бидат вклучени врвни ментори и тренери кои се еминентни професионалци од македонскиот старт-ап екосистем, а селектираните ќе добијат и финансиска поддршка за стартување на нивните бизниси.
Инаку, Битола Старт-ап Центар е дел од Локално партнерство за вработување Битола кое е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.
– Целта на локалното партнерство за вработување со овој проект беше да создаде можности за отворање нови работни места и подобрување на вработеноста во Пелагонискиот регион, појаснуваат од Битола Стар-ап Центар.
Проектот се базира на холистички пристап во унапредувањето на претприемачките капацитети, преку обезбедување центар каде што потенцијалните стартапи може да се среќаваат и разменуваат информации и идеи и преку програма за обука и менторство, која ги води претприемачите низ целокупниот процес на развивање бизнис идеја, креирање стратегии и планови, и нивна промоција. Есенскиот циклус на програмата ни покажа дека и покрај кризата предизвикана од Ковид-19 и стравовите и неизвесноста што таа ги наметна, битолчани се креативни и храбри и понудија голем број идеи кои имаат потенцијал да прераснат во успешен бизнис.
-Приказната продолжува понатаму, ни претстои новиот циклус на обука и менторство. Очекувањата се големи, имајќи ги предвид претходните резултати. Затоа, ги поттикнувам и охрабрувам младите и невработените да се пријават за програмата, бидејќи ниту една идеја не е лоша идеја. Како што кажал Волт Дизни, Сите наши соништа може да се остварат, само ако имаме храброст да ги следиме, – истакна Наташа Симјановска проектна координаторка на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.
Повикот https://
За избраните учесници, стартап програмата започнува на 1 март, 2021 со заедничка воведна сесија во просториите на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.