Битола: На фирмата на Анѓушев платени рекордни 82.704.102 денари!

Во изминатите две години Општина Битола го збогатила екс-вицепремиерот за економски прашања и сопственик на компанијата „Брако“ Кочо Анѓушев за рекордни 82.704.102,44 денари, објави политичката партија Левица, откако денес Инфомакс објави дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ му подариле на ЕДС на Кочо Анѓушев неверојатни 389.943.936 денари.

Битола: На фирмата на Анѓушев платени рекордни 82.704.102 денари!

-Првиот договор за набавка на електрична енергија бил склучен на ден 11.03.2022 во вредност од 26.800.000,00ден, на кој потписник е градоначалникот Тони Коњановски.

Вториот договор за набавка на електрична енергија е склучен оваа година на ден 11.04.2023 во вредност од 55.904.102,44ден и исто така потписник е Тони Коњановски.

Пријателската релација Мицкоски-Анѓушев започнува уште од формирањето на „Енергомонт“ каде Мицкоски имаше свој уддел кој по облоденувањето во медиумите изјави дека го продал и дека веќе нема никакви врски со таа компанија.

За оваа врска да биде уште појака градоначалниците на ДПМНЕ кое го предводи Христијан Мицкоски, ја испразниле касата на општините за 389.943.936 денари и истите легнале на сметкатат на „Енерџи Деливери Солушнс“, чиј довчерашен сопственик беше токму Кочо Анѓушев.

Со ова само уште еднаш имавме можност да видиме како Тони Коњановски ја злоупотребува општинската каса за финансирање на партиски другарчиња, да не заборавиме дека во ваквите трансакции има и вработени во Општина Битола кои земаат илјадници денари по разни ставки од буџетот, што е спротивно на законот. – велат од Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.