Фолк пејачите Благоја Грујовски и Сузана Гавазова се заедно на одмор. Пејачот е со сопругата Ирена Мировска со која е веќе 14 години во брак и го имаат синот Марко, а Гавазова беше со сопругот Јасмин. Грујовски објави заедничка фотографија од дружбата.
„Конечно малку одмор“, напиша фолк-пејачот кој изминатиот период имаше многу свирки и настапи во Македонија и надвор. За потсетување, изминатиот период со колегите Спасен Силјановски, Миле Кузмановски, Ленче и Горан Куќиќ имаа настап во Струмица, а Гавазова пак пееше пред нашинците во Австралија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.