По објавите за масовната тепачка на концерт во Швајцарија на познати македонски пејачи, фолк- пејачот Благоја Грујовски за Репортер открива што се случило. Тој вели дека група луѓе го предизвикале инцидентот, по што морала да реагирала и полицијата. Tој бил на бина и пеел кога се случил инцидентот. Иако вели се почнало како што треба и тоа било убава забава, а салата била полна со гости.
„Тоа е надувано. Не знам зошто толку публицитет за една банална случка. Беше преполна сала, убава забава, нешто по полноќ и наеднаш настана метеж во еден дел од салата. Група луѓе предизвикаа инцидент, другите се разотидоа, дојде полиција и тоа е тоа. Кој како и зошто немам поим, ние бевме на бината во тој момент, далеку од местото“, изјави за Репортер, Грујовски.
За потсетување, тепачката се случила на 11 март на концертот кој бил организиран за Денот на жената.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.