„Бог претера …“: Цеца му се пожалила на владиката во тешките моменти а неговите зборови добро ги запамети!

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е многу побожна и ги пости сите големи пости и оди на причест.
Еден дел од интервју кружи по социјалните мрежи, како што се наведува, по концерт, во кој Цеца зборува за тешките моменти во нејзиниот живот и за вербата што и дава сила.
– Во мојот приватен живот ми се случија работи кои што ме однесоа во височините на облаците, а исто така знаев како да бидам и на дното. А, човекот станува човек преку сите оние можности и проблеми што му се случиле во животот. Всушност, тој гледа колку е силен, колку долго може да издржи – изјави фолк sвездата.
Цеца тогаш откри која реченица ја прифатила а и ја рекол еден од епископите.
– Постои една реченица што ја прифатив како вистинита. Еден епископ ми ја кажа. Се жалев дека ми е многу тешко и тој ми рече: Секој од нас при раѓањето добива крст со големина и Бог никогаш не греши. Му реков дека претера со мене, ‘рбетот ми е до подот. И не, не, тој е непогрешлив – рече Цеца по еден концерт

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.