Македонските мотоциклисти викендов ќе ја претставуваат Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) дури на три меѓународни натпреварувачи.На вториот натпревар од отворениот Источноевропски шампионат на кружни патеки кој ќе се одржи на 28-ми април на патеката на воениот аеродром Батајница крај Белград, Србија, ќе имаме двајца македонски натпреварувачи. Игор Спиров ќе настапува во класата супербајк до 600 ссм. Тој минатата година го оствари најголемиот македонски успех во оваа конкуренција освојувајќи го четвртото место во генералниот пласман, додека искусниот Сашо Николов ќе се обиде да продолжи со успешните настапи во класата супербајк до 1000 ссм. Минатата година Николов беше на делбата од петтото место во конечниот пласман.На третиот натпревар од отворениот Шампионат на Србија во мотокрос кој ќе се одржи на патеката Горњи Брестовац крај Лесковац ќе настапат браќата Ристевски. Помладиот Лука ќе се обиде да го повтори успехот од мината недела кога победи во класата МХ65. Постариот Андријан, исто така, ќе се бори за пласман на подиумот со оглед на второто место од последната трка.Петмина македонски претставници ќе учествуваат на натпревар од отворениот Шампионат на Грција во мотокрос на патеката крај Кожани. Во најсилната класа МХ1 наши адути се искусниот Гоце Томовски и младиот Симеон Николовски. Дванаесетгодишниот Христиан Станковиќ ќе настапи во класата МХ85, а ветераните Никола Тодоров и Борче Костов во класата МХ3.
МакфаксМакедонските мотоциклисти викендов ќе ја претставуваат Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) дури на три меѓу