Божиновски за неоградувањето на Мицкоски од Ванчо Михајлов:Tреба да ве забранат ко партија!

По изјавата на Мицкоски дека нема намера да се огради од поранешниот лидер на ВМРО Иван Михајлов, сценаристот Божидар Божиновски коментира дека во таков случај треба да се забрани партијата, бидејќи никога во светот не се регистрира партија која има континутет во фашизмот.

„“Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на вмро и тоа треба да се почитува” – Мицкоски

Ко така треба да ве забранат ко партија, никаде во Европа не се регистрираат партии кои имаат континуитет во фашизмот и нацизмот. Не е можно да се брани и АСНОМ и Михајлов, не е можно да е македонска партија ако има континуитет од Бугари. А за наша среќа Михајлов не беше Македонец.“, коментира Божиновски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.